Преку границата

Преку границата, приказната за Еторе Кастиљони / Андреа Азети и Федерико Маса, Италија, Швајцарија, 2017, 66“

Марко Албино Ферари ги прикажува клучните етапи од животот на качувачот Еторе Кастиљони и се обидува да ја открие мистеријата за неговата смрт. Приказната е придружена со извадоци од дневникот на овој алпинист, прикажувајќи ги неговите надежи и стравови. Од Милано до качување со жичара по планината, од напуштените бараки до сокриениот планински дом – каде тој се засолни после 8ми септември и беше стациониран за време на неговиоте активности како партизан.

Партнери

Медиуми