Во галаксии – близначки, Искуството на Гренланд

Во галаксии – близначки, Искуството на Гренланд / Јохен Шмол, Австрија, 2016, 53“

Во близината на Бафин Беј, во замрзнатиот простор на западно Гренландските слоеви од мраз, се наоѓаат две реки. Ова е област која претходно никогаш не била истражувана и која авантуристите Сара Мекнер – Ландри, Ерик Бумер и Бен Стуксбери, ја нарекуваат „Галаксии – близначки“.

Ова е трио на вистински истражувачи!

Тие влечат опрема на санки и кајаци, преку 1000 километри глечери и креваси, со цел да бидат првите кои ќе се спуштат по арктичка река која претходно имале можност да ја забележат само на Google Earth. 46-дневната експедиција е комбинација на кајт-бордање, скијање, кампување и кајакарење и е исполнета со повреди, разочарувања и лоши временски услови.

Но, нивниот напор е награден со прекрасни кањони од син мраз и шансата да веслаат први симнувања, по моќни водопади кои ќе ги однесат до Арктичкиот Океан...

Партнери

Медиуми