Слушање

Слушање / Палмер Морс, САД, 2016, 10“

Во текот на поголемиот дел од својот живот, Гордон Хемптон е во потрага по безбројните и шаренолики звуци на природата, а со својата акустична еколошка посветеност тој е добитник и на Еми наградата. За време на тој период, тој стана многу умешен во еден квалитет кој несомнено изумира: слушањето.

Во овој филм, тој го споделува својот увид од постојаната и звучна комуникација на природата, алармантното исчезнување на места кои не се под влијание на човекот и начинот на кој тишината може да ги отвори нашите очи за да ја видиме поголемата слика и придобивките од едноставно – обраќање внимание на местото. Тишината, како што тој вели „е суштината на душата“.







Партнери

Медиуми