Со страв

Со страв / Метју Њутон, Австралија, 2016, 12“

Британскиот качувач, сега жител на Тасманија, Пол Причард, беше еден од водечките качувачи и алпинисти во 1980тите и 1990тите години, познат по неговите тешки и екстремно смели првенствени искачувања. Во 1998 година, при абзелување на Тотемот во Тасманија, јажето над него ослободува камен кој го удира во главата, при тоа нанесувајќи му многу тешка повреда од која едвај останува жив.

По повредата, Пол има многу малку чувство за движење на десната страна од своето тело. И покрај оваа попреченост, Пол продолжува да живее живот исполнет со авантура. 18 години подоцна, тој се враќа на Тотемот, со цел да види дали се кренал доволно – за да го заврши качувањето на насоката.



Партнери

Медиуми