Слекер

Слекер / Макс Лоу, САД, 2017, 9“

Тери Акомб е геолог од Фруита, Колорадо. Тој е Јода во светот на „слек лајнингот“: водач уште од раните почетоци на спортот, кој помогна во откривањето на Меката на „хај лајнингот“: Фрут Бол, во близината на Моаб (Јута). Тери исто така е и коосновач на мегапопуларниот настан, кратко насловен „ГГБЈ“, кој се организира секоја година, за време на Тенксгивинг и кој е прослава на хајлајнингот и БЕЈС скокањето!

Неговиот дом, кој е поставен во средината на мрежа на линии е магнет за качувачи и слеклајнери од сите краишта на САД. А кога ќе каже: „Ќе уживам во слеклајнингот и на 85 години“, никој и не се сомнева во тоа. Во овој филм Акомб зборува за силната поврзаност на заедницата која го практикува овој спорт, иновациите во него и индивидуалцитекои го водат ова „златно доба“ на слеклајнингот.



Партнери

Медиуми