Соло БЕЈС – од качување до скокање

Соло БЕЈС – од качување до скокање / Ксавиер Кол, Шпанија, 2016, 37“

Овој филм го следи патот на Давид Фусте и неговиот пријатело Турко – и двајцата многу силни качувачи кои станаа и БЕЈС скокачи со цел да ги реализираат своите соништа да можат да летаат. Сепак, тие не само што скокаат, туку прво качуваат без користење на јажиња, а со падобран во своите ранци – како единствено средство за безбедност.
Давид има голема почит за природата и животните, живее како веган – живеејќи како дел од самата природа. Овој филм е сеќавање на Дин Потер, кој го измисли овој екстремен, но сепак во исто време и убав начин на живеење на сонот.



Партнери

Медиуми