Лунаг Ри

Лунаг Ри / Јоаким Хелингер, Ханс-Петер Штаубер, Германија, 2016, 20“

Кога го затвора очите и помислува на Непал, планините со снежни врвови не се првата работа која му доаѓа во умот на Давид Лама. Наместо тоа, тој ги гледа зелените долини и малото село во кое има пораснато неговиот татко. Австрискиот алпинист го има посетено Непал, како многу помлад отколку повеќето алпинисти од западот. Уште кога беше многу мал, неговите родители го носеа наоколу на својот грб. Но сега, тие го следат него. Семејството е дојдено да ги посети роднините на неговиот татко, но за Давид има уште една причина зошто е во Непал.

Овој пат тој овде е дојден и за високите планини. Придружуван од американската алпинистичка легенда, Конрад Анкер, тој сака да се искачи на Лунаг Ри (6907м), кој е неискачен врв со технички предизвикувачки серверо-западен гребен. Земајќи ги во предвид лесниот и брз стил на качување на Давид и огромното експедициско искуство на Конрад, не би требало да е невозможно да се искачат на планината, но тие го потценија овој гребен...



Партнери

Медиуми