Монвизо, љубов моја

Монвизо, љубов моја / Фабио Џаноти, Италија, 2016, 52“

На 22 јули 1975 година, како одговор на предизвик и без претходно искуство, Нино Виале, ски инструктор во Лимоне Пиемонт, беше прв кој скијаше надолу по северната страна на Монвизо – преку кулоарот Кулиџ. Тој беше придружуван од неговиот пријател и алпинист, Клаудио Бодроне, кој го снимаше спуштањето со Супер8 камера.

40тина години подоцна, пет млади момци, ќе се обидат да го повторат овој храбар потфат. Нив ќе ги следи одличниот Стефано Де Бенедети, кој беше прв кој скијаше надолу по легендарната западна страна на Ре ди Пјетра. Тој ги следи од хеликоптер, снимајќи го случувањето со прекрасната сцена на заснежени планини во позадината.



Партнери

Медиуми