Движења

Движења / Мартина Спурна, Чешка, 2015, 42“

Далеку над поларниот круг, се’ до арктичкиот север, група на геолози од Чешкиот институт за карпеста структура и механика, заминува на годишно патување. Нивната дестинација е Хорнсунд, најјужниот залив на островот Западен Шпицберген.

Овде, во последните 6 години, научниците со еден уникатен уред, редовно ги набљудуваат движењата на земјата и го мапираат неистражениот терен кој претходно лежел скриен длабоко под мразот. Во оваа нивна последна експедиција, истражувачите Јозеф, Хонза, Филип и Милош одлучуваат да донесат и двајца сниматели.

Токму во оваа прекрасна и сурова природа на островите Свалбард, во гостопримливата Полска поларна станица и нејзините комодитети, овие снимки ја здогледуваат светлината на денот и му даваат на гледачот едно интимен увид во срцето на Чешката поларна експедиција и еден човечки поглед кон самите научници. Филмот го покажува сето тоа што истражувачите, преку нивните чувствителни и трпелливи набљудувања, можат да го разберат – не само од теренот и карпите, туку и од најситните, неприметливи и се’ до сега непредвидливи тектонски движења на Земјата. Во таа прекрасна арктичка природа, се раскажува приказната за клучните информации за нашата планета кои оваа група научници можат да ги споделат. Филмот е во продукција на Административниот и оперативен центар на Чешката Академија на Наука (ЧАН), заедно со Институтот за карпеста структура и механика на ЧАН, а со финансиска поддршка на ЧАН.






Партнери

Медиуми