Проектот Лапнор

Проектот Лапнор / Виле Куру и Томи Ванска, Финска, 2017, 34“

Во финските шуми, постоеше една неискачена насока наречена „Проектот Лапнор“. Се сметаше дека тоа е најтешката насока во светот, а можеби и насока која е невозможна да биде искачена од човек.

Нале Хукативал, силен фински качувач – го прифати предизвикот. Му беа потребни четири години целосна посветеност. Неговите обиди беа следени од стотици и илјадници качувачи од сите страни на светот. Кога тој успеа да ја помине оваа насока, тоа силно одекна во качувачката заедница. Првиот болдер со оцена 9а беше качен!

Овој филм го следи патешествието на Нале од самиот почеток, па се’ до целосното прво искачување – скоро половина деценија подоцна. Филмот ја прикажува неверојатната посветеност која беше потребна за да се решат сите вариабли и да се направи последниот чекор напред кон отворање на ново ниво во качувањето.






Партнери

Медиуми