12000км

12000км, Ерик Ниландер (Шведска), 2019, 28

Актуелните климатски промени, ги инспирираат група шведски екстремни скијачи и бордери, да патуваат со возови и бродови од Столкхолм до Јапонија, во потрага по длабок снег и животна авантура.
За време на најдолгото патување со воз, тие попатно застануваат во изолирани шумски предели во Сибир, истражуваат планини и ја доживуваат руската култура од внатрешноста.
Кога пристигнуваат во Јапонија, по пропатувани 12000 километри, своето патувањениз „Земјата на изгрејсонцето“ го продолжуваат со комбе.
Ова епско патување може да се сумира со: голема мера на хумор, многу средби и врвно скијање и бордање!


 

Партнери

Поддржано од

Член на: