Елемента

Елемента, Ричард Сиди (Нов Зеланд), 2020, 43

„Во дивината лежи спасот на Светот“ – Хенри Дејвид Торо

Длабоко во канадските шуми живее ретко, уникатно и малку видено суштество – црна мечка со бело крзно, позната во тие предели како Моксгм’ол (Мечката дух). Според локалната митологија, креаторот Гавран и рекол на Црната мечка да го роди секое десето мече – бело, како потсетување на Големото бело време, кога целиот свет бил покриен со мраз.

Мразот, оганот, земјата, воздухот и етерот се судруваат во овој артистичен филм, посветен на животната средина, кој бара од гледачот да ја манифестира својата индивидуална наратива, визуелно воден од фантастичната кинематографија од најдивите предели на Канада. Почувствувајте ја таа широка дивина на белиот континент и старите дождовни шуми се’ до моќните океани и еруптирачки вулкани.

„Елемента“ е црно-бела визуелна медитација на дивината и елементите. Многу наградуваниот фотограф Ричард Сиди му се враќа на триптих форматот и нуди неспоредливо кинематографско искуство.

Филмот е сниман пет години на седум континенти и ова е втора соработка на Сиди со композиторот Бореал Тајга и ја комплетира восхитувачката трилогија на режисерот.

Подгответе се за целосно препуштање.



Партнери

Поддржано од

Член на: