Легендата за Муксу

Легендата за Муксу, Олаф Обсомер (Германија), 2020, 42

Муксу се смета за една од најтешките реки во поранешниот Советски Сојуз. Глечерска, брза вода која засекува неколку кањони во високиот Памир, познат во таџик јазикот како „Покривот на светот“. Само стигнувањето до нејзе значи патување шест дена по познатиот Пат на свилата, а потоа и дополнителни 30тина километри планинарење и преминување преку превој на 5000мнв – носејќи ги при тоа со себе кајаците и намирниците потребни за 10 дена бидување на реката. Само три екипи до сега ја поминале оваа река. Последниот тим пак, во 2013 година, имаше потреба да организира евакуација на еден од своите членови, поради висинска болест.

Оваа мисија е последниот чекор на еден седум-годишен проект кој значеше поминување на најтешките и предизвикувачки реки во поранешниот Советски Сојуз, вклучувајќи ги тука и рекуте Башкаус во Сибир и Саријаз во Киргистан. Водачот на тимот, Томас Марникс од Латвија и снимателот Олаф Обсомер од Германија, создадоа силен меѓународен тим за педалирање по овие реки. Овој филм ја раскажува приказната за големото пријателство, мостовите во пламен и оставањето се’ зад себе – за патување во непознатото со цел да се реши Загатката!

 

Партнери

Поддржано од

Член на: