3° Скијање на Северот

83° Скијање на Северот, Мaтијас Мaер, 54

Двајцата авантуристи, Матијас Маер и Матијас „Хауни“ Хаунхолдер, без повторно успешни во нивната нова потрага по најубавите и најизолираните места на планетава. На помалку од 800км од Северниот пол, се наоѓа Арктичката Кордилера. Тоа е најсеверниот планински масив во светот, кој се наоѓа на островот Елесмер.
Нивна главна цел е да стигнат до таму – и да скијаат! Но и самото стигнување до таму е авантура. Тоа е едно од најстудените места во светот и е дом на поларни мечки и арктички волци.
При нивното патување кон северот, покрај реализацијата на своите спортски предизвици, тие исто така остваруваат и блиски контакти со Инуитите кои активно ги поддржуваат нивните планови. Тие исто така и мора да го прифатат фактот дека нема да бидат „алфа водачи“ на ова патување...

Партнери

Поддржано од

Член на: