Тура по балканските реки 4/ Акција за дивите реки

Тура по балканските реки 4/ Акција за дивите реки, Матич Облак/ Митја Легат/ Тим Вртник (Словенија), 2019, 11

„Одбраната на балканските реки“ (ОБР) е група на пријатели, кајакари, уметници и активисти, кои работат со локалното население насекаде на Балканот, за да ги заштитат последните диви реки во Европа – од хидроелектричните брани. Секоја година тие заминуваат на патување заедно со своите кајаци, камери и креативност и патуваат на Балканост, директно да го поддржат локалното население кое се бори да ги зачува своите реки. Користејќи авантуристички спортови, наука, философија и мирен отпор, ОБР ги открива несанкционираните градби на брани и во исто време промовира зачувување на недопрени водени екосистеми преку туризам и спорт.

За време на снимањето на овој филм, во 2019 година, тимот ја посетува Романија и реката Баска Маре во текот на пролетта, а реката Соча во Словенија и Струма во Бугарија, во есен. Вкусете ја авантурата во овие три кратки филма и искусете како ОБР ја претвора конзервацијата во рок енд рол!

Партнери

Поддржано од

Член на: