Ерик Ескофие, страст за живот

„Ерик Ескофие, страст за живот“, Гаучи Северин/Бертранд Делапјер, Франција, 2020, 52’

„Стилот на Ескофие“ е уникатен коктел на грациозост, брзина и нерви. Минимум опрема, без потреба од признанија, без стрес, а наместо тоа, се’ ставено на коцка кон самите граници на тоа што е можно да се направи, рака под рака со веќе стекната репутација на дрскост и смелост. Да се биде независен, брз и импровизатор – тој живееше со овие правила.
Ерик Ескофие, во овој филм е прикажан преку архивирани материјали, кои покажуваат како тој сакаше да живее „кратко како лав, наместо 150-200 години како овца“. Од 1985 година, се’ што тој правеше, беше успешно: летање змаеви, параглајдерство, качување, рели-трки... Како да сакаше да каже: „Ништо не е невозможно.“ Изгледаше неуништливо.
Сепак, на 11 септември 1987 година, тој имаше тешка сообраќајна несреќа од која се здоби со парализа на една страна од телото. Но, наместо поразен, тој се врати со нови бројни цели.
На 29 јули 1998 година, додека качуваше со Паскал Бесие, Ерик Ескофие загина во Пакистан, на Броад Пик на околу 7800мнв. Тој ќе наполнеше 38 години, на 9 август таа година.

 

Поддржано од:

Спонзорирано од:

Член на: