Mетаноја

„Метаноја“, Фло Гаснер/Пол Швелер, Австрија, 2020, 22’

Пред рестрикциите за излегување и забраните за средби да почнат да доминираат во вестите во март 2020-тата година, членовите на Маунтин Трајб друштвото, заминуваат на ски туринг авантура во Отцтал Алпите. Старата царинска зграда високо на алпскиот пат на Тимелсјох, ќе биде местото каде што ќе се сместат.

Ситуацијата со пандемијата се влошува побрзо од очекуваното. Првичното чувство на еуфорија избледнува и помеѓу скијачите се шири внатрешна тензија. По долга комуникација со долината, роднините и полицијата, донесена е одлука филмскиот проект да заврши предвреме. Сепак, карантинот во Отцтал и рестрикциите кои почнуваат да владеат, во голема мера го отежнуваат патот кон дома.


 

Партнери

Поддржано од

Член на: