Презентација на Македонско Еколошко Друштво

Проекција на видео „Луѓе и предели“ ‘7:38

„Луѓе и предели“ (2021) е кратко видео со јасна порака дека луѓето без разлика дали живеат во град, рамничарско село или на планина ги обединува чувството за љубов, нивното разбирање за природата и нивната перцепција за планините. Преку ова 7 минутно видео, се пренесуваат светогледите на шест протагонисти од шест различни предели во Македонија. Нивните одговри се интуитивни, јасни и директни а преку пејсажите и звуците се доловува нивното место на живеење.

Времетраење 7:38 мин.
Музика: Дејан Спасовиќ
Камера и дрон: Тони Стојановски и Љубомир Домазетов
Снимки од Скопје: Владимир Димовски
Режија и монтажа: Ѓорѓи Стамкоски
Графика и колор корекција: Мартин Михајлов
Автор: Фросина Пандурска-Драмиќанин
Фросина Пандурска-Драмиќанин, проектен координатор во Македонско еколошко друштво

Фросина Пандурска-Драмиќанин е родена во 1983 година во Скопје. По образование е филолог и магистер по социолошки науки. Има долгогодишно искуство како лице за односи со јавност, новинар и преведувач и толкувач од албански јазик и обратно. Во периодот од 2007–2010 година како новинар во ТВ Алсат-М има добиено 5 новинарски награди од меѓународни организации на повеќе теми (климатски промени, заштита на диви видови, сиромаштија и културен соживот). Во Македонското еколошко друштво работи од 2011 година, каде преку својата работа се залага за воспоставување нови заштитени подрачја во земјата. Од 2015 година е член на платформата „Пријатели на Шара“, којашто беше најактивна во поддршката на процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Предавање "Пределите на Шара" - Даниела Јовановска

"Пределите на Шара"
Колку е убава Шар Планина? Колку, зошто и како луѓето ги вреднуваат пределите на Шар Планина? 

Даниела Јовановска е еколог чиј особен интерес се пределите, нивните природни вредности и улогата на човекот во обликување и одржување на карактерот на пределите.  Работи на Природно-математичкиот Факултет во Скопје, на катедрата за Екологија на растенија и е активен член на Македонското Еколошко Друштво каде воедно е и раководител на секцијата Пределна екологија. Вљубеник во природата и планинар. 

Проекција на видео „Шара 365“, Автор:Тони Стојановски

„Шара 365“ е кратко видео што ги прикажува промените и богатата разноликост на пејсажите кои ги нуди Шар Планина во текот на сите годишни времиња. 
Видеото „Шара 365“ е личен проект на Тони Стојановски инспириран од посветеноста и љубовта кон Шар Планина. Снимано е во текот на голем број планинарски тури во текот на 2020 и 2021 година со дрон. 
Тони Стојановски е снимател, планинар, соработник на МЕД и голем Шарољубец. 


Предавање „Диверзитет на змии во Македонија“ - 
Драган Арсовски

Со каков диверзитет на змии располага Македонија? Кои од нив се потенцијално опасни, како да ги препознаеме и каде точно се распространети? Како треба да се однесуваме во природа кога ќе се сретнеме со змија? Драган е роден во 1989 година во Скопје. Тој е еколог со потесна специјалност во проучување на динамика на популации, особено влекачи. Искусен теренски биолог низ Македонија (особено во преспанскиот и мариовскиот регион) и делови од јужна Европа. Најголемиот дел од своите еколошки искуства ги има стекнато проучувајќи ги популациите желки и змии од островот Голем Град во Преспанско Езеро на кои има дипломирано и докторирано.


Поддржано од:

Спонзорирано од:

Член на: