Презентација “Од Шапка до Пиринеите"

Презентација на македонската скај ранинг репрезентација:
Александар Кирковски, Сања Најдовски, Елена Ртоска и Дејан Ангелоски

Скајранингот е најинтензивна форма на планинското трчање, уметнички кажано на спојот помеѓу земјата и небото. Започнува со развој во почетокот на 90-тите години во Италија и на Алпите преку активностите на група ентузијасти и легенди на овој спорт, а денес е присутен на сите континенти. Во Македонија, земја со прекрасни планини и потенцијал за трчање, има се повеќе луѓе кои се пронаоѓаат во оваа приказна. Резултат на тој процес е појавата на Македонија на светската скајранинг карта преку низа активности и потфати, како и репрезентативно учество на европско и светско првенство во последните три години.

Партнери

Поддржано од

Член на: