„Федченко: заборавениот глечер“, Кристоф Рејла, Франција, 48’

„Федченко: заборавениот глечер“, Кристоф Рејла, Франција, 48’

Сидрик Грас и Матиј Тордо започнуваат своја авантура по обалата на Аралското езеро, за кое сега веќе е добро познат фактот, дека исчезнува. Нивна цел е 77-километри долгиот глечер Федченко - најдолгиот не-поларен глечер во светот.

Тој е пример на глечерите кои даваат живот по својот тек надолу - за Централна Азија. По пристигнувањето во Таџикистан со воз, Сидрик и Матиј влегуваат длабоко во масивот на Памир. Придружувани од тим на Таџикистанци, тие планираат да ги следат стапките на првите истражувачи на високите планински превои во овие региони и хаотичните реки мраз.

Климатските промени имале мало влијание во овие краишта. И иако на 2000 километри од таму, Аралското езеро е исушено, клучната причина за тоа е прекумерното пренасочување на водата која се топи - за наводнување, што е процес започнат уште во советската ера. Десет дена по нивниот почеток на патувањето, Сидрик и Матиј стигнуваат до старата научна истражувачка станица, изградена веднаш над глечерот Федченко. Опкружена со восхитувачки погледи, таа личи како да била само што напуштена. Сите инструменти и други потребштини - си стојат на своите места. СССР ја разбираше важноста на значењето на Памир, како извор на вода за земјите од Централна Азија, а овој филм ни ја претставува нам оваа важна тема.

Партнери

Поддржано од

Член на: