„Земјата: пригушена“, Микаел Кристерсон/ Аса Екман/ Оскар Хедин, Шведска, 2021, 71’

„Земјата: пригушена“, Микаел Кристерсон/ Аса Екман/ Оскар Хедин, Шведска, 2021, 71’

Во подножјето на Ханјуан долината во Сичуан провинцијата во Кина, поради огромна употреба на пестициди и монокултури - пчелите изумираат. Во овој богат пејзаж, кој крие екосистем кој е на работ на пропаст, три земјоделски фамилии работат силно во полињата, грижејќи се за иднината на своите деца.Чао, кој е посветен на овоштарството, ги следи препораките од претпоставените да прска со пестициди стотици дрвја. Сезона по сезона, тој увидува дека оваа метода може да ја уништи средината, но сепак продолжува да ја користи, поради желбата да ја прати својата внука на факултет. Јингџинг, 7-годишната ќерка на пчеларите Жанг и Ченг, патува илјадници километри кон северот, да го посети своите родители. Тие никогаш не планираа да го остават своето дете кај нивните родители, кај неговите дедо и баба, но пчелите нема да преживеат во Ханјуан, а иднината на Јингџинг зависи од нивната работа. Је, кој е самохран татко, живее на врвот на планината и сака да ги вложи своите пари во органски овоштарник за цреши. За да ја заврши својата куќа, но и за да плати за образованието на својот син, неговиот приход мора да се зголеми. Кога неговиот татко му врши притисок да ги испрска плодовите за да ги заштити од инсекти - Је се предава и го прави тоа. Чао, Јингџинг и Је се прикажани во врска со природата - во овоштарник без инсекти кои би правеле запрашување, со последните одгледувани пчели и во планина каде сеуште летаат и диви пчели. Нивните приказни откриваат универзален човечки конфликт - тежината да се одбере помеѓу своите сакани и „големата слика“ - доброто за планетата и самото човештво.

 

Партнери

Поддржано од

Член на: