„Животот по несреќата“, Хена Тејлор, САД, 2021, 87’

„Животот по несреќата“, Хена Тејлор, САД, 2021, 87’

Овој филм го прикажува опоравувањето на алпинистката Квин Брет, која во моменти на нејзина врвна подготвеност, преживува едно од најголемите труматични искуства во историјата на качувањето.
Оваа приказна ја прикажува комплексноста на целото човечко битие, за време на една навистина, огромна промена за него.
Искуството низ кое минува Квин, и’ дава нов увид на публиката, како таа живее - од една силна и многу успешна спортистка, сега нов живот со големо ограничување. Овој филм ќе не’ предизвика да ги признаеме стереотипите и можеби да се соочиме со нашите сопствени предрасуди околу живеење na живот со целосно способно тело и живот во случај на голема трансформација.
Додека медиумите често ги претставуваат приказните на пара-спортистите, претставувајќи ги како непобедливи херои во нивниот фокус, само неколку филмови имале храброст да погледнат во приказни кои можат да завршат со пораз. Само неколку се доволно храбри, да погледнат од поблиску кон луѓето кои се фатени на средина - тие кои превземаат големи ризици, не успеваат и живеат во пораз; тие - кои се адаптираат на нов живот.

Партнери

Поддржано од

Член на: