Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

Марина Коптева (Украина) - Качувањето на големи карпи: женска перспектива

Украинската алпинистка Марина Коптева, во изданието во 2017 година, ни ги претстави нејзините силни искачувања на големи карпи во Азија, најчесто изведени во мал женски тим! Марина е родена во 1981 година, почнува да качува на 19-годишна возраст, а меѓу другото ни ги претстави нејзините искуства за: - првото повторување на насока на Амин Брак (5850мнв / насока со 1250м вертикала и тежини A3, 6A); - новата насока на Големата Транго кула во Пакистан (За искачувањето на Големата Транго кула (6238мнв), преку насока со тежини VI+ 6b A3, качувајќи ги вертикалните 2580 метри за 38 дена – Марина и нејзините две колешки таа година го добија престижниот Руски Златен цепин и признанието „Карл Унтеркирхер“); - новата насока на Каџо-Ри (6186мнв/28 должини, тежини: VI M6 90°) во Непал; - новата насока на Тенгкангпоче (6487мнв / 1900 метри вертикала со тежини VI 6b A2) во Непал; - нова насока на Златниот Стражар (5200мнв/насока со 900м вертикала и тежини VI A2/A3) во Кашмир (Индија); - експедиција во Сичуан во Кина итн. За гостувањето на Марина во Скопје, изразуваме голема благодарност за силната поддршка од вршител на должност амбасадор на Украина, Ростислав Палагусинец, МултиКоп Консалтинг и Hi-Skopje Hostel!

Партнери

Поддржано од

Член на: