Жири за најдобра фотографија

Жирито на овогодинешниот Конкурс за Најдобра планинска фотографија, ќе го сочинуваат 4 члена од Фото Кино Клуб Битола:

Виктор Налевски
Димитар Чунговски
Кети Талевска Бакревска
Коста Дупчинов

Виктор е професионален фотограф, роден 1971 во Битола. Со фотографијата почнува да се запознава од најмала возраст преку фотографиите на неговиот дедо и татко кои интузијастички се занимавале пред се со документарна фотографија. Задржувајќи го интересот за истата, преку аналогната фотографија па се до дигиталната ера во последната деценија тој целосно му се посветува на светот на фотографијата, преку учество и организација на многу домашни и меѓународни изложби, како и активно учество и членување во повеќе фотографски асоциации. Учествувал на преку 100 меѓународни и домашни изложби од натреварувачки и изложбен карактер, освојувајќи повеќе награди, а исто бил и дел од жирито на некои од нив. Во полето на фотографијата неговото внимание покрај класичните теми е насочено кон концептуалната фотографија, психолошкиот контекст и симболизмот кој произлегува од истата.

Кети Талевска Бакревска.

Кети е дипломиран инженер за медиумска комуникација ФЕРИ, Марибор, Словенија,
Со фотографија се занимава уште од 16 годишна возраст и покрај дигиталната фотографија се занимава активно и со алтернативна фотографија: класична аналогна фотографија, лумен принт и цијанотипија. Се наоѓа и меѓу основачите на првиот фестивал за алтернативна фотографија во Македонија „ЗРНО“
Има учествувано, организирано и жирирано повеќе домашни и меѓународни изложби.
Прва самостојна изложба на лумен принтови имаше во 2022 година и е единствена во нашата земја која што се претставила со оваа фотографска техника. Како дел од ЗРНО фестивалот учествуваше и на уште неколку изложби за алтернативна фотографија во Македонија.
Како предавач има одржано работилници за: лумен принтови на ЗРНО фестивалот во Скопје и во Виена, Австрија, работилница за камера обскура во Битола, работилница за стоп анимација и видео монтажа во Скопје.

Димитар Чунговски - Чунга.

Димитар е роден во Битола, 1979 година. Неговите почетоци во фотографијата се поврзани со рачната изработка на аналогна црно-бела фотографија уште на многу мала возраст, за време на основното образование.
После направената пауза за време на неговите студии, а со доаѓањето на дигиталната технологија, некаде во 2003 година тој ја продолжува фотографската уметност.
Еден е од основачите на Фото Кино Клуб Битола каде што активно членува, а од 2022 година се стекнува со звањето Кандидат Мајстор на фотографија на Националната Фото Унија на Македонија.
Во 2016 година ја одржува својата прва самостојна изложба „Два Света“ која ја прикажува во повеќе градови во Македонија, како и надвор од неа.
Учествувал на повеќе од седумдесет домашни и меѓународни групни изложби на фотографии каде што има освоено голем број награди и признанија.

Коста Дупчинов.

Коста е роден во 1985 година во Битола, каде живее и работи. Дипломира на Технички факултет Битола на отсек Информатика и Компјутерска Технологија. Втора година на постдипломските студии на ЈНУ Институт за Филм, Филмска академија Охрид, отсек Кинематографија.
Неговата љубов за фотографија започна од најрана возраст, инспириран од неговиот дедо кој често го гледаше како фотографира и развива фотографии.
Професионално се занимава со фотографија од 2006 година, како фотограф во фото студио во Битола, а исто така во тој период работи и како камерман за националната телевизија Канал5.
Во 2011 како еден од основачите и член на Фото Кино Клуб Битола започнува со учества на меѓународни и државни изложби. Има учествувано на повеќе од 70 изложби каде има освоено околу 20 награди и признанија. Неколку години неговите фотографии се дел од колекцијата која ја претставува Македонија на ФИАП Светскиот куп на фотографија.
Неговата прва самостојна изложба „Носталгија“ во 2017 беше изложена во неколку градови во Македонија и беше дел од неколку филмски фестивали, а исто така како дигитална презентација во неколку земји во светот.

Во прилог, споделуваме повеќе информации и дел од досегашните активности на Фото Кино Клуб Битола:

Фото Кино Клуб Битола постои за да ја промовира уметничката фотографија и непрофесионалниот филм, притоа поддржувајќи и помагајќи автори аматери и професионалци во зголемување на нивниот уметнички потенцијал, независно од нивното ниво на знаење, опрема и вештини.

Фото Кино Клубот Битола е организација која моментално брои околу 30 активни членови, но како добротворна организација организира голем број на активности кои се од јавен интерес.

Членството е отворено за секој, независно од ниво на знаење и искуство. Не постојат никакви квалификации, освен љубов и страст кон уметничката фотографија.

Секоја година клубот организира низа на настани, предавања и изложби во кои присутните уживаат во исклучителните можности да го споделуваат и дополнуваат знаењето, да учат од други фотографи и да ги развијат своите фотографски интереси и вештини.

Централно значење за работата на клубот има курсот по уметничка фотографија кој секоја година се организира преку предавања и практични работилници како и групни посети на локации и обука на отворено. Предавачи на курсот се најистакнатите автори, членови на клубот кои доброволно и со многу љубов го споделуваат своето знаење.

Нашата интернационална изложба ФОТО ФЕСТ БИТОЛА, која подоцна планираме да прерасни во фестивал е прва интернационална изложба на уметничка фотографија во Битола. На оваа изложба учествуваат автори од околу 60 земји од целиот свет. ФОТО ФЕСТ БИТОЛА е поддржана од сите светски фотографски асоцијации меѓу кои: FIAP, IAAP, UPI, RPS, ISF. Оваа изложба ја организираме секоја година и притоа чест ни е што најголемите светски имиња во уметничката фотографија ќе слушнат за Битола, а дел од нив и ќе бидат наши гости. Со тоа успеваме да го промовираме нашиот град како центар на уметничката фотографија и како град кој живее во уметнички дух.

Историја

Потребата да се креира клуб кој би ги обединил фотографите од Битола и околината и преку кој полесно би се организирале настани, групни изложби, стручни предавања, публикации и сл. Ги наведе љубителите во уметничката фотографија, група на автори кои совршено функционираа како една организација и беа во одлични меѓусебни односи да го направат Фото Кино Клуб Битола.

Фото Кино Клуб Битола како официјална организација работи од 2011 година.


Активности

Изложби :

2012
Изложба на уметничка фотографија “Почеток”
20.08.2012 Центар за Култура Битола (Битолско Културно лето “Бит Фест ‘12”)
Фото Сојуз на Република Македонија патронажа - PAM

2013
Изложба на уметничка фотографија “Погледи”

16.02.2013 Н.У. Центар за култура “Григор Прличев” - Охрид (Во соработка ЦКП “Артерија”)
Годишна изложба на уметничка фотографија - Фото Кино Клуб Битола 2013

20.11.2013 КЦ “Магаза” - Битола
Фото Сојуз на Република Македонија патронажа - PAM

2014
Годишна изложба на уметничка фотографија - Фото Кино Клуб Битола 2013
21.03.2014 Музеј Галерија Кавадарци
Изложба на фотографии „ЗаЕдно“, ФКК Битола и Чкрап! Тетово
21.06.2014 Ликовен салон, Народен Музеј - Велес
11.07.2014 Дом на култура “Иван Мазов Климе” - Кавадарци
(Заедничка изложба си Фото Група ЧКРАП! - Тетово)
Изложба на Филмски постери (1950 - 1970 год.)
06.08.2014 Фоаје НУ Центар за Култура Битола ( во соработка со Државен архив на Република Македонија - Одделение Битола)
Битолско Културно лето “Бит Фест ‘14”

Меѓународна изложба на уметничка фотографија “PHOTO FEST BITOLA 2014”
05.09.2014 НУ Завод и Музеј Битола
Haut patronage de la FIAP 2014/213

Изложба на фотографии “Битола вози велосипед”
20.09.2014 НУ Центар за Култура Битола (во рамките на Европската недела на мобилност организирана од Општина Битола)

Годишна изложба на уметничка фотографија - Фото Кино Клуб Битола 2014
06.12.2014 КЦ “Магаза” - Битола
Фото Сојуз на Република Македонија патронажа - PAM2014/16

2015

Годишна изложба на уметничка фотографија - Фото Кино Клуб Битола 2014
07.02.2015 - Дом на култура “Иван Мазов Климе” - Кавадарци
Фото Сојуз на Република Македонија патронажа - PAM2014/16
ПРЕДЕЛ - Изложба на слики и фотографии (Во соработка со ДЛУБ)

10.16.2015 - КЦ „Магаза“ - Битола
Follow - Изложба на уметничка фотографија

15.07.2015 - Изложбен салон ДЛУБ - Битола
Фото Сојуз на Република Македонија патронажа - PAM2015/6

Битолско Културно лето “Бит Фест ‘15”
Годишна изложба на уметничка фотографија - Фото Кино Клуб Битола 2015

11.12.2015 - КЦ „Магаза“ - Битола
Фото Сојуз на Република Македонија патронажа - PAM2015/11

2016
Меѓународна изложба на уметничка фотографија “PHOTO FEST BITOLA 2015
26.02.2016 - НУ Завод и Музеј - Битола

Feelmotion - Film Makers Meeting - Exhibition
8 - 10.04.2016 Институт за филм - Филмска Академија Охрид

Sadness and Joy – Bojan Petrovic Bokac – Exhibition
13.09.2016 – Magaza – Bitola

Предавања/ Работилници:

2013
Мојата Приказна - Драги Неделчевски Ф1 ФСМ - Предавање за уметничка фотографија
30.06.2013 Центар за култура Битола, Мала сала (Битолско Културно лето “Бит Фест ‘13”)

Зад Филмската Камера - Проф. М-р Горан Наумовски - Работилница за филм и кинематографија
04.08.2013 Центар за култура Битола, Мала сала (Битолско Културно лето “Бит Фест ‘13”)

2014
Фотографијата и Стварноста - Проф. Сашко Дете Илов - Стручно предавање
02.07.2014 Центар за култура Битола, Мала сала (Битолско Културно лето “Бит Фест ‘14”)

Партнери

Поддржано од

Член на: