Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

„Авантурите како професионален бордер“ - Томас Делфино (Франција)

Томас живее во т.н. „главен град на Алпите“, Гренобл во Франција. Репутацијата во светот на сноубордот ја гради континуирано преку својот неверојатно елегантен стил на бордање, како и големото познавање на „фри-рајдот“, но и турно искуствата со сплит-борд. Тој е амбасадор на светски познатиот бренд за сплит-борд везови, Spark R&D. Бидејќи е професионален сноубордер, негвоите зими се исполнети со многу ангажмани. Изминатата сезона, Томас со мала екипа на професионални скијачи и бордери направи неколку неверојатни спуштања низ импресивните Тодрило планини во Алјаска. Во Македонија доаѓа по втор пат, откако во февруари (оваа, 2017 година), беше дел од ски/сноуборд проектот со Номадскиот автобус, посетувајќи неколку земји низ Балканот, вклучително и Шарпланинскиот масив во Македонија. Кога не е зима, Делфино се занимава со качување и сурфање. За неговата посветеност на недопрените терени и турно бордањето, Томас вели: „Де надевам сплит-бордот ке продолжи да ми го дава она што веќе ми го дава. А тоа е да сум во непосреден контакт со природата и да ги доживувам најубавите чувства. Тоа ми е најважно.“

Партнери