Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

„ОПАШКАТА НА ЗМЕЈОТ - Патагонија 2015-2016“ (Презентација на алпинисти од Бугарија)

При крајот на 2015та и во почетокот на 2016та година, четворица бугарски алпинисти, Мартин Маровски, Виктор Варошкин, Григор Втев и Руслан Вакрилов, поминаа два месеци во патагониските Анди, со цел да направат искачувања на некои од најиконските врвови во светот на техничкиот алпинизам. По едномесечна борба со лошото време, во рамките на последниот месец од експедицијата, бугарските качувачи успеаја да направат први бугарски искачувања на врвот Поинсенот и на бисерот во круната на Андите - врвот Серо Торе. 

Покрај овие две искачувања, Мартин Маровски и Виктор Варошкин искачија и првенствена бугарска насока по вертикалната карпа на иглата Ел Мочо, што е постигнување за кое добија и меѓународно признание.

За време на Ехо, Мартин, Виктор, Гришита и Рус, преку презентација со фотографии, во живо раскажаа за својата експедиција и што тоа точно значи да се качува по патагониските врвови во постојан натпревар со нестабилното време и непредвидливиот ветер.

Партнери

Медиуми