Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

Руслан Вакрилов (Бугарија) со презентација: ВЕРТИКАЛНИ МОМЕНТИ

Бугарскиот режисер и фотограф, Руслан Вакрилов, ни ја прикажа презентацијата наречена „Вертикални моменти“, преку која покажа како започнал да се занимава со фотографија во качувањето, како ги одбира и кои моменти се за него важни да ги опфати/претстави, како се подготвува и со кои техники се справува за да биде истовремено и фотограф и алпинист кој качува на една експедиција.

Исто така за време на фестивалот, во фоајето на кино Фросина на горниот кат, беше изложена изложба со негови фотографии, која ја опфати и експедицијата "Опашката на змејот - Патагонија 2016" . Изложбата беше составена од 30 фотографии кои ни го доловија двомесечниот престој на тимот во срцето на Патагониските Анди. Фотографиите кои што можевме да ги видиме беа направени за време на качувањето, приодите, чекањето на убаво време.. и конечно - успешното искачување на прекрасниот Серо Торе од страна на Виктор Варошкин и Мартин Маровски.

Партнери

Поддржано од

Член на: