Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

МИНЛИВ МРАЗ – Клемен Премрл (Словенија)

Ова дефинитивно не беше обична презентација. Ова бешее приказна за пријателите, убавите места и смелите искачувања. Врвот на презентацијата бешее за искачувањата покрај водопадите Хелмкен во Канада, кои повеќе изгледаат како искачувања на другата страна на Месечината, отколку на некој конвенционален качувачки локалитет. Тоа место е толку нереално и е многу тешко да се опише само со зборови!

МИНЛИВИОТ МРАЗ беше приказна за најтешките искачувања на мраз во светот.

Во нејзе се зборуваше за првото слободно искачување на насоката Wolverine, која е најтешката насока на мраз и која е прва со контроверзната оцена WI11. Исто така беше покажано што се’ треба да се направи за да се стигне до врвот на водопадите Хекман преку нова насока: „Spray On ... Top“ (WI 10, M9+).

Сепак – презентацијата беше за качувањето во прекрасни места и е многу повеќе за Природата, Планините, Пријателите и Патувањата, отколку само за чистиот спортски аспект на качувањето.

Презентацијата се фокусираше на естетиката при комуникацијата со разните елементи кои не’ опкружуваат и ја однесе публиката на врвни локалитети за качување: италијанските Доломити, британската обала, сателитите на Мон Блан, над Арктичкиот круг во Норвешка, канадските Карпести планини и фантастичните водопади Хелмкен.

Партнери

Медиуми