Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

„ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ“ - приказни и фотографии „од работ“, кои го менуваат животот - Лукаш Варжеха (Англија)

Среќни сме што на Ехо од време на време имаме и гостин кој може да ни го претстави светот „од другата страна на камерата“. Во соработка со Натусана Македонија, компанија која во Македонија го носи многу познатиот бренд меѓу спортистите Allga San, во Скопје ни дојде Лукаш Варжеха.

Тој во изминатите години беше дел од Ехо со свои две филмчиња (за Ник Булок и Дејв Меклауд), но сега преку фотографии и видеа ни претстави што значи да се креира една таква инспиративна приказна.

Инаку Лукаш кој според своите зборови живее „во највозбудливото време да се биде фотограф!“ е еден од најдобрите фотографи и сниматели во “outdoor adventure” индустријата, остварувајќи соработка и работејќи на задачи за UIAA, Кралското Географско Друштво во Лондон, National Geographic, John Muir Trust, врвни outdoor ориентирани списанија (Climbing, Rock&Ice, Climb…), врвни outdoor брендови (The North Face, Black Diamond, WL Gore, Mountain Equipment…), EpicTV (инспиративни видеа за различни спортови во природа)...

Имавме исклучителна можност да уживаме во супер интересни фотографии на голем екран и да ја слушнеме приказната зад нив!

Партнери

Медиуми