Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

ВНИМАВАЈ, ОТРОВ! Отровот не ги бира жртвите - Д-р Методија Велевски, раководител на проект во Македонското Еколошко Друштво (Македонија)

Лесната достапност на пестициди во високи концентрации и нивната злоупотреба доведуваат до брзо исчезнување на заштитените некрофагни видови птици. Преку 100 белоглави мршојадци и веројатно околу 10-тина египетски мршојадци, заедно со непознат број на царски и златни орли и други птици грабливки се отруени во Македонија во изминативе 10-тина години, со нелегални мамки за труење на волци, кучиња, куни и други месојадци. Институционалните капацитети за справување со овој проблем се многу слаби и постои сериозен ризик за 15-20 години да ги загубиме и последните единки на белоглави и египетски мршојадци, како што веќе се случи со брадестиот и црниот мршојадец.

Партнери

Медиуми