Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

К7: КОЛКУ ШТО МОЖЕТЕ ДА ЗАМИСЛИТЕ – Урбан Новак (Словенија)

„Прв пат слушнав за К7 при крајот на 2004-тата година, кога станав член на алпинистичкиот клуб во Камник. Марко Презељ таа година качуваше во Чаракуса и меѓу другото се обиде да направи и искачување на западниот врв на К7. Неговиот ентузијазам за качување во долината Чаракуса беше заразен. Во тој период бев почетник во качувањето, работите ми беа навистина апстрактни и го замислував К7 како модерен алпинистички идеал. Си мислев: „Мора да е така штом Марко качува таму...“ К7 остана во мојата потсвест. Низ годините на моја активност во алпинизмот, идејата стануваше сé повеќе и повеќе остварлива и дофатлива. Морав да се обидам и самиот. Тоа е мојата приказна...“ – Урбан Новак

Партнери

Медиуми