Наградените филмови и аматерско видео на Планинскиот филмски фестивал EХО 2014:

1.Долгометражен филм:

„NORDFOR SOLA“

Како зимска верзија на приказните за Робинзон Крусо и Плава Лагуна. Можеби тематски (што се однесува до планините) нетипичен планински филм, но со нагласена еколошка димензија и со проточна наративна структура .Вредноста на овој филм е тоа што авантурата ја толкува како цел а не како неизвесност. Одличната визуелно-музичка спрега и синергија овозможуваат вистинско уживање на гледачите.

 

2.Среднометражен филм:

„КОН ВРВОТ“

Поради влијанието на филмот во насока на едукација, поради речиси историското значење за качувањето на овие простори, поради благородната, суптилна и непретенциозна филмска стилизација. Филмска приказна раскажана од луѓе за кои љубопитноста се трансформира во љубов и страст. Значајно филмско остварување во секој поглед.

 

3.Краток филм:

„COLD“

Храбро, вистинско, искрено. Искажано со музички речник, филмот е минијатура за човекот, фуга за издржливоста и реквием за предизвикот. Или, збирно, филмот е опера за природата како креација на хаосот.

 

4.Специјална награда од жирито:

„BLIND TRUST“

Филмот ги содржи елементарните атрибути на документаристиката, од најавната до одјавната шпица. Негувајќи ја хуманистичката димензија на приказната, филмот, на топол и сензитивен начин го нагласува другарството, упорноста и несебичноста во нивните величествени форми. Супериорна режисерска постапка и извонредно профилирани ликови на обичните луѓе кои стануваат херои... речиси невидливи, но присутни. 

Филм за животот како едноставна но величествена креација.

 

 

Жири на ЕХО 2014 во состав:

Борјан Зафировски

Игор Ангелков и

Влатко Галевски

Партнери

Медиуми