Направено при патување

Направено при патување, Џои Шуслер/Вајли Каупас (САД), 2020, 20

Кој не сонувал за малку забавување на својот живот и заминување во авантура када само имагинацијата ги поставува ограничувањата – за тоа што е возможно? Патување каде времето застанува, во кое ги нема обврските, социјалните вмрежувања и смарт-часовниците карактеристични за денешниот брз животен стил. Коди и Кејлин го направија овој сон своја реалност. Со оглед на тоа што и двајцата љубат да скијаат и да поминуваат голем дел од своето време во природата – сонувајќи по цел ден за големи возења во мекиот снег, тие одбраа едноставн живот, без компликации и живот каде самите го контролираат своето време.

Тие наоѓаат и преправаат стар школски автобус од 1960-тите што е клучна состојка за тоа нивното неверојатно патување и авантура! Авантура каде изгрејсонцата и зајдисонцата го поставуваат ритамот далеку од денешните социјални норми и авантура исполнета со неверојатно средби, непипнат снег, забава и споделувања!


 

Партнери