„Велосипедот и Бадиле“, Алберто Валтелина/Маурицио Пансери, Италија, 2022, 83’

„Велосипедот и Бадиле“, Алберто Валтелина/Маурицио Пансери, Италија, 2022, 83’

Петок, 4-ти јули 1953 година: Херман Бул, кој потоа ќе стане еден од најголемите светски алпинисти (пример: први искачувања на Нанга Парбат и Броуд Пик), тргнува од Инсбрук со својот велосипед, вози низ долината на Ин и по 150 километри стигнува до подножјето на северо-источната страна на Пицо Бадиле. Таму, тој ја искачува соло насоката на Касин, се симнува и се враќа со својот велосипед дома – за да биде на работа во понеделник. Ова е познат подвиг, раскажан низ само неколку страни во неговата прекрасна, автобиографска книга.
Лето, 2021 година: Маурицио Пансери и Марко Кардуло одлучуваат дека повеќе нема никаков смисол да се патува со автомобил, а посебно не во планините. Тие го повторуваат движењето на Херман Бул. За него велосипедот бил потреба и средство за да го реализира подвигот, а за нив начин како да се реализира спортот на одржлив начин. Патувањето на Маурицио и Марко им нуди и можност да се сретнат со луѓе кои на свој сопствен начин се поврзале со планините.

Партнери

Поддржано од

Член на: