„6-те северни“, Франк Кречман, Германија, 2022, 29’

„6-те северни“, Франк Кречман, Германија, 2022, 29’

Ги сметаат за шесте најголеми во Алпите: серверните страни на Големата кула на Лаваредо, Пиц Бадиле, Матерхорн, Ајгер, Петит Дру и Гранд Жораз. Пред скоро 70 години, францускиот водич Гастон Ребуфа веќе пишуваше за силните обиди за нивни искачувања во минатото, во неговата книга „Ѕвезди и бури“: „Реализираните соништа, раѓаат нови. Така, сега јас сакав да ги искачам големите северни страни.“
Нивното искачување е животна цел за многу алпинисти. Тоа е „Гренд слем“ во алпинозмот. Швајцарецот Рожер Шели и Јужно Тиролецот Симон Гитл се имаат искачено на овие страни по неколку пати. Но и тие сега имаат нов сон: да ги искачат овие шест страни без прекин, при тоа патувајќи помеѓу нив со сопствена сила. Кога започнуваат со оваа идеја едно студено есенско утро, тие имаат скоро невозможна цел пред себе: пат од 1100 километри, 30770 метри искачување и 29480 метри симнување, кој сакаат да го поминат со друмски велосипеди, пешки, на јаже и со параглајдер. Ова е специјално патување за овие искусни исклучителни луѓе и тие знаат дека на овие шест северни страни треба да им се пристапи со внимателност и понизност.
 

Партнери

Поддржано од

Член на: