„Од детски сон, до Светски Куп“ - Сања Спасовска

„Од детски сон, до Светски Куп“

Планините ги уживаме 365 дена во годината - кога се раззеленети, но и кога се побелени. А токму за тие моменти, за уживањето во нив, но и себенадминувањето во нив, кога тие се заснежени, ќе ни зборува Сања Спасовска и еве на кратко, како таа ни ја најавува својата приказна која ќе ја слушнеме годинава на Ехо Фестивал на планински филм / #13 / 2022:

„Сон кој започнува на раменици кај татко ми, скијајќи по падините на Бистра, тоа е моментот кога се заљубив во планините, снегот и незаменливата природа која ја имаме.

Желбата да се постигне нешто во нашиот спорт, што досега никој не го постигнал за нашата земја, ми беше и сеуште е основна мотивација и движечка сила да бидам подобра секој ден, како во секојдневниот живот така и во спортот.

Патот од нашите мали локални ски центри, до големата сцена - рамо до рамо со светските прваци на Светско првенство во алпски сноуборд...“

Партнери

Поддржано од

Член на: