“Приказните од Јан Мајен“, Хуго Петит, В. Британија, 31’, 2022

Еден тим отпловува кон изолираниот арктички остров Јан Мајен, за да ја повтори британската експедиција од 1921 година – искачувајќи го најсеверниот вулкан во светот, Монт Бееренберг. Тие изведуваат разни научи истражувања, откривајќи како климатските промени влијаат врз вулканските глечери во денешно време.

Изјава од режисерот
Кога ми пристапи Хју, со прашање дали би сакал да учествувам во експедицијата на Јан Мајен, веднаш знаев дека ова е проект и приказна, која би сакал да помогнам да биде раскажана. Хју и Андреас имаат поминато заедно многу години во научни истражувања, користејќи г
o бродот на Андреас – Барба. Ги имав видено работите кои ги имаат направено за Нешнл Географик, Оушнграфик и Сајдтрек списанијата и знаев дека нивното партнерство би можел да помогнам да биде претставено преку документарен филм.
Хју ги пронајде оригиналните извештаи од експедицијата во 1921 година, во архивите на Кралското Географско Друштво и започна да работи заедно со Андреас на реализација на повторување – во чест на 100-годишнината од таа експедиција. Но овој пат, сакаа да пристапат на модерен начин, работејќи заедно со научните друштва Веил Вајс и Дип Парпл. Тие сакаа да ја раскажат непознатата приказна за оригиналната експедиција, со модерен поглед на работите.

Авантура, само поради самата авантура сеуште е важно да се прави, но тоа што ме привлече беше тоа што Хју и Андреас сакаа да додадат и поголема цел. Тоа што требаше да правиме и први истражувања, додаде нов слој на веќе неверојатната приказна...

 

 

Партнери

Поддржано од

Член на: