„Момците на мостот“, Ник Розен/Питер Мортимер, САД, 28’, 2022

Хоризонтална, „big-wall” авантура на најдолгото и најлудо искачување на пукнатина – било кога направено.
Двајцата британски качувачи, Пит Витакер и Том Рендал (познати на нашата публика од филмот „Широки момци“ од пред некоја година), бараат авантура блиску до нивниот дом. И ја наоѓаат – на 800 метри долгата пукнатина на мостот на автопатот М5.
Спиејќи на висечка полица поставена на мостот, парот качувачи се справува со луди движења, осцилации на мостот од сообраќајот на него, па и полициска истрага за овој нивен неверојатен предизвик.
 

Партнери

Поддржано од

Член на: