„Домот на Боговите“, Мет Пикрофт, В. Британија, 44’

Северниот дел на Монт Рораима се издигнува од длабочините на амазонската шума како огромен брод. Обвиткан во облаци, накиснат од силни дождови и чуван од вертикална џунгла, длабока кал и превисни карпи, локалната легенда кажува дека само тие со чиста душа ќе можат да го видат врвот на оваа планина.
Инспириран од „Изгубениот свет“ на Артур Конан Дојл, како и од анимираниот филм „UP!“ на Дизни и Пиксар, овој филм го следи Лео Холдинг и неговиот тим, во нивната авантура на поминување низ недопрени 100 километри џунгла, влегување во уникатна шума и очајно стрмни карпи.
Сакаат да стигнат до врвот, но и не само тоа: тоа да го направат заедно со нивниот локален водич и неговата млада партнерка во качувањето, на оваа нејзина прва експедиција...
 

Партнери

Поддржано од

Член на: