„Минливо“, Алистер Ли, В. Британија, 53’, 2022

Најновиот филм на често присутниот Алистер Ли на нашиот фестивал – посебно во почетните години. Шкотската сцена на зимско качување е нешто што тој од секогаш го следел со големо восхитување и конечно го прифаќа предизвикот да направи филм кој ќе го претстави тој уникатен дух и неверојатна природа во таква зимска сценографија. 
Тој предизвик ќе стане еден од најтешките негови проекти, а чувството е такво помеѓу сите инволвирани, како качувачи, така и членови на филмската екипа – дека имаат навистина посебен проект.
Филмот ги следи качувачите Гај Робертсон и Грег Босвел во нивниот обид да искачат нови зимски линии. Сезоната 2021/22 е забележана како една од најлошите или па и најчудните во последните години. Тоа само додава вкус на дивата драма и резултира со такви формации кои добиваат скоро митски статус: Грег и Гај искачуваат првенствени насоки преку неверојатно форми во едни од најимпресивните качувачки арени: Ан Телах, Глен Ко, Бен Невис, Крег Мигид и Кеирнгорм.
Филмот раскажува приказна за двете страни од леќата и споделува нешто што до сега не е видено за искачувањето во зимски услови во Шкотска. Како надополнување на качувањето, тука се и интервјуата со Сајмон Ричардсон и Хелен Ренард. Експертските анализи навлегуваат во длабоката качувачка историја, се потсетуваат на скорешните загуби – овозможуваат светот подобро да разбере што го прави овој тип на качување толку специјален.
 

Партнери

Поддржано од

Член на: