Протагонистите во овој филм, припаѓаат на различни средини, професии и генерации, а тоа што ги поврзува е посветеноста и издржливоста во нивниот допринос во заштитата на животната средина – во рамките на нивните заедници, правејќи едноставни чекори и користејќи ги своите лични способности и потенцијали.
Тоа што тие го покажуваат е тоа дека промени не доаѓаат само низ големи жртви, туку дека постојат многу начини како да се постигне одржливоста да стане дел од секојдневниот живот.
Овој омнибус ги претставува приказните и акциите на 12 луѓе од 6 европски земји – прикажувајќи го нивниот личен ангажман – дека независно колку тој можеби изгледа мал или дури и неприметлив, сепак може да направи значителен допринос.