„Поврзување на летови“, Николас Бриксл, Германија, 19’, 2023

Тројца пасионирани параглајдеристи, започнуваат експедиција на поминување на Балканот со велосипеди и истражување со летање на параглајдер. Додека локалците ги пречекуваат многу топло, временските услови во неколку наврати се закануваат да ги попречат нивните планови за летање во планините.
Уште од нивната прва лекција по летање, Николас Бриксл и Филип Видман, летаат заедно. Тие така одлучуваат да летаат заедно и подалеку од своите локални планини, одлучувајќи да тргнат на патување со велосипед од Босна до Грција, заедно со нивниот пријател Луги Брол. Набрзо увидуваат дека гравел патиштата на Балканот, не се воопшто слични со тие во Алпите. Патувањето со велосипед, низ дивите краишта на земјите низ кои поминуваат, не само што им овозможува да прават поврзувања со летањето, туку им овозможува да се поврзат и со локалците – на смешни начини. 
Во целата таа социјализација сепак, сонот за полетување од Планината на Боговите останува да се реализира во некоја далечна иднина, поради најавата на лош временски фронт. Одлуката да се започне ваков физички предизвик е донесена брзо, но растојанието при тоа не е единствениот предизвик...
 

Партнери

Поддржано од

Член на: