„Подземје“, Франсоа-Хавиер „Фикс“ Де Рујд, Канада, 87’, 2023

Во неверојатна година, два посветени тима на рекреативни спелеолози се блиску до поместување на рекордите за најдолга и најдлабока пештера во Канада. Со малку места останати за истражувања на Земјата, спелеологијата можеби ги нуди последните можности за вистинска истражувачка дејност. 
По откривање на една поплавена делница, Кејти, која инаку работи како сметководител, станува опседната со тоа да се врати во Бисаро Анима пештерата – за да го помести рекордот за најдлабока пештера...
Во исто време, пасиониран тим од островот Ванкувер, се обидува да поврзе два пештерски системи со цел да ја отвори со тоа најдолгата пештера во земјата. Од тешки и калливи ползења, преку преминување на експонирани вертикали и подводни тесни премини – тие се движат низ места кои до тогаш никој не ги поминал претходно. 
Филмот навлегува во чудниот и фасцинантен свет на спелеологијата и открива обземачка приказна за авантура и (ако им успее) – рушење на рекорди преку тие истражувања...

Партнери

Поддржано од

Член на: