„Циркусот на пеперутките“, Кристоф Марго, Швајцарија, 19’, 2023

Двајца долгогодишни пријатели ја откриваат една од најубавите и најчисти пукнатини во Алпите. Фред Моа и легендата во качувањето на пукнатини, Дидие Берто, ја искачија оваа линија во 2021 година, во прекрасната долина Бовина, во Тичино и ја именуваа „Циркусот на пеперутките“.
Сега уште останува да биде искачена во слободен стил, со чист начин на обезбедување, а тоа не е лесно...
По заминувањето на Дидие во Канада, Фред прави реплика на оваа предизвикувачка и митска насока – во својата вежбална, за да може соодветно да се подготви, затоа што ова искачување може де биде негово највосхитувачко искачување во неговата досегашна, 30-годишна кариера...

Партнери

Поддржано од

Член на: