„Илузија за изобилство“, Ерика Гонзалес Рамирез / Мати Лиетарт, Белгија, 2022, 60'

И покрај изразено неизбалансираната игра, Максима, Берта и Каролина имаат заедничка цел: ја водат битката за животната средина против модерните, корпоративни освојувачи. Додека владите и корпорациите се заробени во трката да дојдат до најевтините суровини, овие три жени ни ја раскажуваат приказната за нивната неуморна храброст: како да се продолжи битката за заштита на природата и кога вашиот живот е под ризик? Кога репресиите од полицијата, притисокот од корпорациите, повредите, па и заканите по животот - се дел од секојдневнието...?
Овој филм не е само приказна за тие кои плаќаат висока цена за „развојот“, туку пред се' филм за глобализацијата на отпорот за заштита на животната средина и посветеноста во ловот на транснационалните корпорации - каде и да се кријат.

Партнери

Поддржано од

Член на: