„Пола година“, Пандели Цеко, Албанија, 2022, 30'

Кол Чака е 76-годишен човек, кој со своето стадо овци се движи по планините во северниот дел на Албанија, каде ужива во природата секоја година од пролет до есен.
Тој е роден во пределите на високите Алпи, пораснат е таму, станал маж, работел секој ден, садел дрва кои се именувани по него, собира лековити билки, помага финансиски на своето семејство и живее во хармонија со природата.
Патот преку кој оди до долината каде е куќата на неговите предци, во текот на пролетта е тежок за минување. Снегот сеуште не е стопен во планините, а временските услови се непредвидливи. Но, тој сокриен рај го повикува да ужива во него половина година, додека во текот на останатиот период е под снег...


Партнери

Поддржано од

Член на: