„Невидливи пејзажи“, Иво Бистричан, Чешка, 2022, 48'

Звучи како птичја песна и не можете да престанете да слушате. Но, не е. Тоа е жуборот на глечерот кој се топи. Група музичари, опремени со многу чувствителни микрофони и слушалки, тргнуваат во истражување. Тие посетуваат места во Чешка и Исланд - некои под стегите на индустријата, а некои недопрени од човекот, со цел да го откријат и разберат звукот на катастрофата, звукот на климатските промени, кој сам по себе може да е многу поубав и поимагинативен отколку што се замислува.
Додека видот овозможува нештата да се примат во една статичка состојба и во одредена конечност, слушањето овозможува да се разбере како тие влијаат и се судираат со опкружувањето. Звукот е резултат на настан кој се случил во минатото и покажува кон иднината за која денес одлучуваме - која потенцијално ќе биде неизбежно деструктивна за нас.
Ова можеби не може да се види во невидливите пејзажи, но ако слушаме внимателно - тоа е веќе присутно таму...

Партнери

Поддржано од

Член на: