„Преку Тирол“, Пол Швелер / Фло Гаснер, Австрија, 2023, 30'

Филм за ски преминување низ планинската австриска држава, Тирол. Тимот скијачи одлучува да помине растојание од 520 километри, при тоа качувајќи 43000 метри - користејќи само скии и жичари.
Импресивните алпски пејзажи носат предизвици за овие фрирајд скијачи кои се во потрага по спектакуларни линии за скијање.
Движењето започнува на крајниот исток на земјата, носејќи ги преку највисоките врвови, преку восхитувачки глечери, длабоки долини и живи ски центри. Со тоа, тие ги искусуваат силните контрасти помеѓу недопрената природа и динамичните ски резорти...

Партнери

Поддржано од

Член на: