„Твин Оукс“, Шон О'Конор, САД, 2023, 13'

Восхитувачки филм за семејството Хојт и нивните искуства при правењето планинарски патеки во Пацифичкиот северо-запад во САД - активност која ја работат многу години, низ повеќе генерации. Филм кој ја запишува длабоката врска која ја развива човекот со земјата, кога го поминува целиот свој живот работејќи затворен во светот на природата.
 
Семејството Хојт, Ејвори и неговите родители, Дерил и Криста, раскажуваат лични согледувања, споделувајќи уникатни перспективи и искуства при правењето на планинарските патеки, кои стануваат медиум при поврзувањето со природата. Тие ја опишуваат транформирачката природа на патувањето и како тоа станува интегрален дел од нивниот идентитет. Низ филмот се прикажуваат многу предизвици и лични битки со кои се имаат соочено низ годините - како изработувачи на патеки, но и како семејство...
 
Преку восхитувачки визуелизации и интимни интервјуа, филмот ја прикажува исцелувачката моќ на природата и патеките кои ја поврзуваат со човекот. Филмот ги прикажува како техничката страна од импресивната изработка, која понекогаш се изведува и на тешко пристапни места, така и духовната страна од искуството кое се доживува при тоа...

Партнери

Поддржано од

Член на: