„КМ 82: Гласот на носачите на Камино Инка“, Маринел де Хесус, САД, 2023, 25'

Класиката, 4-дневната Инка Треил патека, која ги води планинарите и туристите до познатото Мачу Пикчу во Перу, функционира повеќе од 50 години. Носачите, кои се најмуваат да го носат товарот на туристите по планината, продолжуваат да трпат некоректни работни пракси.
Филмот ја прикажува нивната битка за фер однос: соодветна плата, храна и услови за спиење по патеката, како и лекарско осигурување. Целта е да се создаде јавна свесност и да се даде глас на нивните проблеми, бидејќи тие сепак се критични играчи во развојот на авантуристичкиот туризам.
Филмот ја следи приказната за Алберто - водач на Федерацијата на носачите на Инка Треил и неговата работа за доброто на Кечуа заедницата на носачите, превземајќи ја главната улога во повикот кон Конгресот и Претседателот на Перу - за подобрување на Законот за носачите...

Партнери

Поддржано од

Член на: